До сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Во петок се очекуваат пообилни количини воден талог. Дневната температура ќе биде во опаѓање.
Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на температурата.












