Нивото на реката „Драгор“ зголемено. Во Битола наврнаа 30 литри дожд на м2. Денеска претпладневo наjвисоко беше кај старата чаршија.
Синоќа Битола беше повторно под врнежи од дожд проследени со грмежи.
Сепак најмного дожд 66 л/м2 наврнаа во Претор, 37 во Крушево, 30 Битола, 26 Прилеп.
Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час).
И во деновите од викендот со врнежи од дожд, а в недела и снег на повисоките планини.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2 за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат.
Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони.
Во битолскиот регион имаше излевање на реката Шемница кај с. Лера со поплавена куќа и штали. Во општина Новаци прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од Црна Река. Во преспанскиот регион излевање на реки во с. Царев Двор и Дрмени со поплавени куќи и постои опасност од излевање на Голема Река, инфомираа од Центарот за управување со кризи.

















