ТЕРА

REKLAMA???

ДРУЖБА СО ИГРИТЕ НА СРЕЌА НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА

Изминатиот викенд караванот на Државна лотарија беше во Битола и се разбира на Широк Сокак, во и пред продажното место „Димпо“, едно од неколкуте локации на „Димпо“ каде паднале вредни добивки.

„Кога и да направиме некоја промотивна активност на Државна лотарија во Битола е извонредно затоа што навистина битолчани веруваат во игрите на среќа, нон-стоп ја предизвикуваат среќата со нашите инстанти, уплаќаат лото и навистина имаат среќа“ реча Марјана Станојковска.

„Кога дозволуваш да ти се случи нешто и се случува. Во смисла на ритам на живеење, некој лови риба, некој сака брзи автомобили и се си има некој свој влог, некое време и ова е само како порција во добар ресторан. Одиш секогаш, ама некогаш е вонредно добро, како начин на гледање, инаку како забава одиме само на оние места каде што знаеме дека ќе биде добро“ вели Виктор Петров-Викса.

Се промовираше и најновиот инстант лоз „Калинка“. Откривањето на добивките е лесно и забавно – треба да се пронајдат три исти симболи во полето за гребење каде што трите калинки носат 7 главни премии по 700 000 денари, и три исти износи за други парични добивки.

Оние кои имаа 3 недобитни лоза добија можност за вртење на тркалото кое носеше подароци.

Имаше и такви кои не стигнаа до тркалото, оти изгребаа добивки.