Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска на прес конференција уверувајќи ја јавноста дека министерството и владата активно ја следат состојбата со економскиот стандард на граѓаните, информираше дека владата ќе воведе нови мерки за стабилизирање на потрошувачката кошничка.
Општиот постојан пораст на цените на стоките и услугите во една економија односно инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во март оваа година изнесува 1,3%, информира денеска Државниот завод за статистика. Најмнову Намалувањето на инфлацијата во март во однос на февурари се должи на намалување на трошоците / цените во групата Храна и безалкохолни пијалаци и тоа 3.0%.
Но овој податок се поврзува со мерките кои министерството за економија и труд ги спроведе во февруари со кои се намали бруто-профитната маржа за основните прехранбени производи и дел од средствата за хигиена, мерки кои завршуваат на крајот на овој месец. Доколку е потребно министерството односно владата ќе донесе други мерки, рече денеска на прес конференција.
Според денеска објавените податоци за индексите на трошоците на живот и цените на мало од Државниот завод за статистика, освен со храната, намалувањето на трошоците за живот се бележи и со намалувањето на индексите за транспорт од 1,8%, мебел,покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.6 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.5 % и Разновидни стоки и услуги за 0.3 %.
Во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во групите: Домување, вода, електрика, гас и други горива и Облека и обувки за 0.4 %, Ресторани и хотели за 0.3 %, Комуникации и Здравје за 0.2 % и Рекреација и култура за 0.1 %.
Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Одлуката за ограничување на бруто профитната маржа на 102 групи на производи и одлуката за утврдување на највисоки цени на осум групи на прехранбени производи не беа проследени без негативни реакции од трговците. На тоа денеска Дурмиши вели министерството нема информации дека имале проблеми во нивното спроведување.
Аналитичарите пак деновиве се фокусирани на информацијата на државниот завод за потрошувачката кошничка којашто ја пресметуваат за три-члено , наместо како досега за 4 члено семејство. Во кошнишката ги нема ниту акцизните стоки како акохол и цигари и одмор надвор од државата, кои што се сметаат за луксуз. На критиките владата, и Дурмиши одговараат дека податоците ги добиваат од државниот завод за статистика.
Од 18 овој месец сите трговци освен микротрговците ќе треба да ги објават ценовниците на целата своја понуда на свои интернет страници. Пазарниот инспекторат ќе спроведува контроли, а трговците се должни да ги ажурираат страниците на дневна основа до 10часот во 24 часа.
фото: МИА












