ТЕРА

REKLAMA???

ДУЌАНИ ВО СТАРАТА ЧАРШИЈА СО ЧАСОВИ ОСТАНАЛЕ БЕЗ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Дуќани од старата битолска чаршија останале без електрична енергија од вчера од некаде 13:00 часот.

Утрово рекоа дека се работи за објекти на улицата „Прохор Пчински“ и дека имаат проблем во нивната работа, односно дејноста заради долгиот прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Од ЕВН велат дека како резултат на вчерашното невреме, во Битола настанале повеќе дефекти.

„Екипите на Електродистрибуција се константно на терен и ги санираат истите. Дефекти се појавиле на среднонапонска и нисконапонска мрежа. Вчера, екипите интервенирале на дефектот на ул. „Прохор Пчински“ и истиот бил саниран, меѓутоа подоцна повторно се појавил дефект кој успешно се санираше денес. Жителите на оваа улица сега имаат нормално и стабилно снабдување со електрична енергија“ стои во објаснувањето од ЕВН.