ТЕРА

REKLAMA???

Д-Р СПИРОСКИ Е ДЕЛ ОД ТИМОТ НА ОТСЕКОТ ЗА ИНВАНЗИВНА И ИНТЕРВЕНТНА КАРДИОЛОГИЈА

13 години посветеност, напредок и хуманост, велат од Клиничката болница Битола и потсетуваат дека на денешен ден, 6 август 2012, за првпат профункционира салата за инванзивна и интервентна кардиологија во Клиничка Болница ,,Др. Трифун Пановски” – Битола, под раководство на д-р Ненси Лозанче и медицинските сестри Валентина Гачевска и Светлана Тодоровска, како посветен тим што значеше нова ера во кардиолошката грижа во Битола и регионот.

Денес, на истиот овој симболичен датум, со како што велат огромно задоволство најавуваат дека тимот на Отсекот на инванзивна и интервентна кардиологија се збогатува со уште еден член д-р Игор Спироски, специјалист интернист и супспецијалист интервентен кардиолог, кој заедно со постоечкиот тим составен од д-р Ненси Лозанче, д-р Емилиа Паришко, медицинските сестри Валентина Гачевска, Светлана Тодоровска и Семра Рустеми  ќе ги спојат искуството и визијата со нова енергија и експертиза.

Д-р Спироски има повеќе од две децении активно искуство во Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје, со бројни успешни интервенции зад себе. Неговиот придонес како шеф на сала и долгогодишен член на ангио тимот претставува значајна вредност што ја внесуваме во нашиот битолски колектив. Како главен уредник на „South East European Journal of Cardiology“, д-р Спироски не го запира своето влијание – туку го проширува и во науката и иднината на медицината.

„Ова придружување значи нов импулс во работата на тимот, кој е насочен кон постојано унапредување на здравствените услуги и квалитетна услуга за пациентите. Зад секој медицински успех стои тим. Денес нашиот тим е побогат за уште една вредна алка“ истакнуваат од Клиничката болница-Битола.