ТЕРА

REKLAMA???

ЕВРОВИЗИЈА 2025

Доколку имавте 1.000 евра за една влезница, ама сепак не успеавте на купите влезници за ниту една од евровизиските вечери, во следните минути збор-два за Евровизија 2025.

Оваа е евровизиска недела за европските музичари, и за политичари.

Македонија не оди. Некои велат – конечно некоја добра одлука, ги има и тие кои сметаат дека присуството на Македонија на евровизија треба да биде и политичка порака – како одговор на се што се случува на европско тло последните години. Годинава не учествуваат и Босна и Херцеговина, Бугарија, Унгарија, Молдавија, Монако, Мароко, и Андора. Со ова се намалува учеството на натпреварувачи во двете вечери. Вечерва, 15 земји ќе се натпреваруваат, 10 ќе одат во финале што треба да се одржи в сабота. Три од нив се загарантираните Шпанија, Италија и Швајцарија како минатогодишен победник. За овие три  вечерва нема да се гласа.

Годинава, од брзото преслушување – првата вечер нуди песни за еспресо-макијато, чудесно чоколадо, њам -њам , вкусот на милкшејк и Отровна торта- насловот на  хрватскиот претставник.  Од поранешна Југославија присутни е и Словенија – со песна за животот инспирирана од неизвесноста на едно семејство по добивањето дијагноза за малигно заболување и третманот.

Во втората т.н полуфинална вечер ќе се натпреваруваат 16 земји, плус Велика Британија, Франција и Германија од големите финалисти. Или,

Од 37 земји кои се натпреваруваат годинава, во финалето ќе ги има 26.

Евровизија повторно ќе понуди три интересни концерти, кои треба да донесат многу забава, контроверзи и , еден победник.  Гласањето се изведува преку официјална апликација за мобилните телефони и компјутери. Покрај тоа, оние што гледаат во земјите-учеснички можат да гласаат преку телефон и/или СМС. Релевантните броеви ќе бидат прикажани на екранот од секој радиодифузер учесник и на www.esc.vote (која ќе биде онлајн во текот на неделата на емисиите во живо). И може да се гласа до 20 пати.

Влезниците за првата полуфинална вечер, според одредени македонски медиуми чинат  од 21.303 денари, додека цените за втората полуфинална вечер варираат од 17.030 денари до 21.303 денари. За големото финале, влезниците чинеле од 25.782 до 60.258 денари.

Кичестото музичко шоу коешто за многумина претставува израз на сиот неморал во кој живее Европа и остатокот од светот, привлекува и многу телевизиска публика. Според информациите на евро-кладилницата, Шведска и Австрија се фаворити од првата полуфинална вечер. Првата има 40% гласови, втората 20%. Зад нив се Франција и Израел со по 6,5% односно4,3% .

Инаку, Евровизија – натпреварот што годинава се одржува по 69ти пат,  е направен за тестирање на транснационалната телевизија во живо. Тестирањето се покажало успешно, а со текот на времето вордингот се менувал, па сега е фестивал за поттикнување на производството на авторски песни.

Каков и да е, натпреварот е телевизиски производ кој само лани пред телевизор,  во трите вечери задржа 163 милиони луѓе корисници на јавните телевизиски сервиси, тие кои партиципираат во европскиот радиодифузен сервис.