Летните одмори овозможуваат посетата на други земји да се искористи за анализа на пазарот – не оној големиот од берзите туку оној по супермаркетите. Цените на прехранбените производи покажуваат значителни разлики низ европските градови – дури и помеѓу оние во истата земја. „Индексот на прехранбени производи“ на Deutsche bank ги открива најевтините и најскапите кошнички за купување.
Неделното купување храна е неизбежен трошок за сите нас, но цените на прехранбените производи во Европа значително варираат помеѓу градовите. „Индексот на прехранбени производи“ на Истражувачкиот институт на Deutsche Bank открива каде типичната кошничка за купување е најскапа низ европските градови во 2025 година.
Методологијата вклучува пресметка со користење на пондерирани цени на секојдневните прехранбени производи, вклучувајќи млеко, леб, јајца, овошје и месо од податоците „Пазари“ на Numbeo. На секој град му е даден резултат, каде што основната линија за споредба е Њујорк, која е поставена на 100. Не се зема предвид куповната моќ, што е важен фактор при споредување на градовите.

Швајцарските градови се најскапи. Женева е на врвот на Индексот на намирници како најскап град во светот. Нејзиниот индексен резултат е 106, тоа значи дека кошничка што чини 100 евра во Њујорк би чинела 106 евра во Женева. И Цирих е скапишок, за 3% се повисоки цените на основните намирници. И во САД е скапо – цените се за 4% повисоки од стандардот на Њујорк во Сан Франциско, Бостон, Чикаго и Лос Анџелес). Ова подразбира дека во Америка се троши повеќе на основните намирници отколку во европските градови како Осло, Париз и Луксембург кои се изгор само за Балканците и овие од пост-комунистичките земји. Трите градови имаат индекс меѓу 66 и 78 проценти, Виена, Хелсинки, Брисел, Франкфурт, Даблин, Амстердам, Минген, Стокхолм – имаат индекс меѓу 63% и 58 проценти, што подразбира цени на намирници за 30-40 евра пониски од тие во Њујорк.
Најевтината група вклучува градови со индексни резултати од 55 и помалку. Меѓу нив, Будимпешта и Варшава (двете со резултат од 37) се најевтините европски градови на листата. Ова значи дека кошничка за намирници што чини 100 евра во Њујорк би чинела само 37 евра во главните градови на Унгарија и Полска. Тоа е 63% поевтино од основната линија во Њујорк.
Меѓу главните градови на петте најголеми европски економии, Франција е најскапа, а Шпанија најевтина во однос на цените на намирниците. Или, кошничката за намирници чини 71 евро во Париз, истата кошничка е само 46 евра во Мадрид. Ова го прави францускиот главен град 54% поскап од шпанскиот главен град. Париз е поскап и од Лондон за 15%.
Од Македонија го впишавме Скопје. Податоците велат
Проценетите месечни трошоци за семејство од четири лица се 122.195,0 ден, без кирија (користејќи ја нашата проценка).
Проценетите месечни трошоци за едно лице се 35.491,4 ден, без кирија.
Скопје е за 63,2% поевтино од Њујорк (без кирија, видете го нашиот индекс на трошоци за живот).
Има и детаљи кои велат дека оброк за две лица може да чини од 400-800 денари во ефтин ресторан и од 1.000 до 3.000 во ресторан од средна класа. Домашното пиво чини од 80 до 200 денари, а капучиното од 80 до 150 денари. Мало шишенце со вода од 50 до 90 денари. 10 јајца чинат од 84 до 144 денари, јаболката од 30 до 100 денари, килограм портокали чини од 30 до 110 денари. И тоа не најниската цена на килограм портокали во светот.
фото насловна: unsplash












