ТЕРА

REKLAMA???

ЕВРОПСКИ ЕКО ГРАДСКИ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ

Добро организираниот еколошки јавен транспорт за многу современи градови е една од алатаките за справување со зголемениот степен аерозагаденост во зимските месеци. Тоа што некаде можеби е борба за позитивна оценка од Европската Унија, за граѓаните претставува позитивна и корисна политика.

Државниот завод за статистика неелава објави дека е намален бројот  на превезени патници во патничкиот патен превоз кога се споредува со лани, но зголемен е вкупниот број на поминати километри. Од јануари до крајот на март во јавен транспорт се превезувале за 35,4% повеќе во градскиот превоз, нешто над 9% во приградски превоз и дури 32,5% повеќе во меѓународниот превоз.

Овие податоци кај нас, ама и во светот , се значајни од аспект на аерозагадувањето коешто во првото тримесечие од годината во зимски услови е најголемо, а пресметките на сите релевантни институции кај нас велат дека сообраќајот е најголемиот загадувач. А ова пак својата логика ја наоѓа во генералната констатација (сега без статистичка потврда) дека јавниот, градскиот транспорт губи пред сопствените патнички возила.

Во европски град како Битола, со тесни улици и неопходни широки сообраќајници, организацијата на јавниот транспорт воопшто не e едноставна.

Многу европски и овие од екс Ју земјите вовеле т.н модален удел – насочување на патниот сообраќај по принципот 30-30 -30. Првичната намера е намалување на емисијата на штетни стакленички гасови и загадувањето на воздухот. А за потигнууавње на целта – општо е прифатено мислењето дека треба јавниот транспорт да стане поатрактивен, брз и ефикасен, со многубројни линии кои не се само локални туку и приградски, а се одвоени со посебни правила за предност и водат до зголемување на процентот на патувања со користење на одржливи видови транспорт.

Македонската влада годинава најави купување на 120 еко автобуси ( како оние на ЕСМ што вртат низ Битола) и дека 40 од нив ќе бидат наменети за општините кадешто има градски превоз.

Најавата подразбира дека во градот ќе има најмалку еден.

Битолскиот јавен транспорт се организира од општианта од 80те години на минатиот век, кога сите обврски ги реализираше градско претпријатие. До денес линиите и лиценците се обврска на градот. И се сочува си критики – најчестите се поврзани со бројот на линии до населените места, нефункционалноста на некои од нив во денови на викенд или доцна навечер, отсуство на линии кои водат до околите туристички места, отсуство на добро познат возен ред. И критиките постојат и покрај фактот што градот има учествувано во идеи за субвенционирање на автобуски билет на различни здруженија за различна возраст на патници. А токму субвенционеирањето е еден од предлозите за одрлжлив јавен превоз во другите стари европски градови како Битола. Помага и во одржливоста на компаниите кои го вршат превозот. Како на пример Подгорица во Црна Гора кадешто јавниот превоз е комплетно препуштен на приватни компании.

 

Субвенционирањето на сите – или бесплатен превоз воведе Белград оваа година. Но, таму градот, градско претпријатие ги  поседува автобусите и тролејбусите. Линиите ги определува врз основа на бројот жители, густината на населбата, поврзаноста со клучни точки – болници, маркети, училишта, кина и центри за култура.

Интегрираниот пристап е уште една од мерките кои ги користи Белград  – еден билет за сите видови на транспорт и за сите линии. Кај нас тоа би подразбирало повисока сума на билет во еден правец, секогаш можност за пониска сума на сезонски билети,  но во одредени рамки и гаранција дека би се користеле автобусите наместо сопствените возила.

Италија и Чешка имаат градови од по 100тина илјади жители со тесни сокаци во старите градски јадра. Тие смислиле дека им се потребни многубројни мини -буси. Ем помали, ем помногубројни и понабрзо врват низ своите линии. И со многу добро видливи автобуски постојки.

Интегрираниот пристап во инфраструктурата подразбира и градско реконструирање на улиците и крстосниците. На улиците  – сообраќајна лента за автобуси назначена како таква кадешто во секој момент има само автобуси и крстосници за таа сообрачајна лента со семафори одвоени од остатокот на сообраќајот. Ова за Прага и градови во Англија подразбира реконструкција на улиците паралелно со изградбата на велосипедски патеки.

Има многу примери на решавање на сообраќајниот метеж во градовите, вброени се во иновативни решенија за јавен транспорт, кои се користат и ќе се користат, барем додека не започне масовната употреба на летечки автомобили.