Oдлуката за давање согласност и овластување за измирување, односно пренасочување на средства од буџетската сметка на Општина Битола и одлуката за давање согласност и овластување за потпишување на Договор/и за грант, денеска се најдоа пред советниците.
Нашите прашања денеска беа поставени до двата координатори на советничките групи, Бојкоски од ВМРО ДПМНЕ и Николовски од СДСМ.
Оваа точка за европските пари за водовод и канализација на седум локации чија сума е 1 милион евра, еднаш не помина на седница на Советот, а се бара согласност од Советот, односно овластување на градоначалникот да го потпише договорот, во проект кој е преку министерството за животна средина за сите општини во Македонија.
Но, во нашата општина и по втор пат нема зелено светло за тоа.
Николовски обвинува за манипулација, Бојкоски го потсетува Николовски на времето од нивната влада кога е земен заемот од Еврпската инвестициона банка и вели требало советникот тоа да го знае, дотолку повеќе што неговата колешка Захариевска-Ралевска прашува која била каматата, а не го направи тоа кога претходниот премиер Ковачевски кога го зеде кредиот не го прашала за каматната стапка.
Николовски негира дека тие ги кочат европските проекти. Не биле против проектот, оти ако бил фер Бојкоски ќе признаел дека едногласно ги поддржале приоритетните проекти. СДСМ не била против на граѓаните да му се изгради инфраструктура, како што ВМРО ДПМНЕ ги лажела граѓаните дека тие се кочничари, додава советникот од СДСМ.
Бојкоски вели дека тие не шират хистери низ улиците, како што тоа го тврди СДСМ. А, бидејќи го барале договорот да го видат, Бојкоски рече дека денеска јавно ќе го презентираат, за да види јавноста како СДСМ манипулира.
Советникот од СДСМ вели дека не се против европски пари, реплицирајки на коментарот на Бојкоски кој вели дека е загрижувачко за партија како СДСМ која цело време во устата му е Европа, Европа, Европа, а европските пари кои треба да влезат во Битола тие ги одбиваат.
Ние сме против европските проекти, Бојкоски може да кажува што сака, ама вели Николовски вистината е како шило и секогаш излегува на крајот на виделина.
Николовски рече дека нема да му ја гласаат точката, а Бојкоски му рече дека политички земјотрес ќе ги погодел на локалните избори.












