ТЕРА

REKLAMA???

ЕДНОГЛАСНИ ЗА ПОТРЕБАТА ЗА ВЕЛОИНФРАСТРУКТУРАТА ВО ГРАДОТ

Битолските советници едногласни за формирањето на работна група која ќе работи на велосипедската инфраструктура во градот. Сите заеднички ќе се заложат за решавање на овај проблем, кој години наназад велосипедистите го бараат од нив.

„Тоа беше иницијатива со која беше побарано да се формира работна група. Иницијативата беше прифатена од владеачкото мнозинство, се чекаа да бидат именувани лица од соодветните институции во Општината. Сега веќе ги имаме комплетно сите именувани лица, ќе ја формираме таа работна група, ќе има претставници од сите советнички групи, од СВР и од Општина Битола и се разбира како локална самоуправа и она што го ветуваме во предизборната кампања, секаде каде што има можност, согласно сообраќајните проекти коишто ќе бидат изработени ќе се залагаме да има велосипедски патеки во Битола,“ рече Бојан Бојкоски, советник од ВМРО ДПМНЕ.

Иако иницијативата била од пред неколку месеци. Работната група беше формирана на седницата во вторник бидејќи се чекало потврда од претставник од МВР.

„Инаку иницијативата за формирање на вакви групи, како за осветлување на пешачките премини така и за велоинфраструктура е од пред неколку месеци, меѓутоа сакаме граѓаните да знаат дека тие групи се составени и од претставници на други институции и ние мора да почекаме да има нивни претставник. Желбата и искреноста да се започне со реализација на вакви проекти е огромна, меѓутоа мора да кажам дека за да се реализираат овие проекти мора да има меѓусебна соработка помеѓу опозицијата и власта, бидејќи во изминатиот период доколку ние сакаме да изградиме велосипедски патеки, доколку сакаме да ги ослободиме узурпираните зелени површини, тогаш ќе мора да пристапиме на некои решенија каде имаме узурпирани јавни површини, а за таквите одлуки немаме добиено поддршка од СДСМ и Коалицијата. Овие одлуки за градот мора да се носат заеднички, бидејќи крајно време е да се престане со популистички изјави од типот сакаме да направиме, меѓутоа некој не ги прави. Правењето на велосипедски патеки е процес кој мора да започне со ослободување од узурпирани, јавни и зелени површини“, рече Габриела Илиевска, претседател на Совет на Општина Битола.

Се што е добро за градот ќе го поддржиме, но власта доцни со реализацијата на ветените проекти, вели опозицијата.

„ Ќе дадеме поддршка на таа точка. Ние кажавме дека ќе бидеме конструктивна опозиција , ќе даваме поддршка на сите такви проекти кои треба да започнат или треба да се реализираат и ќе бидат за доброто на битолчани, меѓутоа каснат со реализацијата, бавно работат и нема да ги реализираат сите работи кои ви ги ветуваат“, рече Методија Илиевски, советник од СДСМ.

Инаку сите политички партии на последните локалани избори во нивните програми имаа проекти за изградба на велоинфраструктура.