На редовната седница на Советот на Општина Битола едногласно беше усвоен предлогот на дневен ред да се најде и точката со која ќе се бара Советот да донесе заклучок до Владата на Македонија со кој ќе се бара измена на локацијата за регионална депонија.

За оваа дополнителна точка предложена од советникот на Поинаку, Иван Чулакоски, советот едногласно се согласи, со што Советот расправаше и за овој предлог.

Пред седницата прашавме дали вонредната седница на Советот на која се зборуваше за депонијата работите ги направи појасни за јавноста.
Инаку седницата беше закажана за 10 часот. Пред почетокот на седницата беа дел од советниците, двјацата координатори на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ и претседателката на Советот.

Не е прв пат да не можат да се соберат навреме.

Седницата започна со интонирањето на химната. Освен точката на Чулакоски и СДСМ имаше две точки за дополнување на дневниот ред.

Пред да се гласа си ги повикаа своите да седнат на местата за да имаат доволно гласови нивните предлози да се најдат на дневен ред.

Ова им се последните месеци од нивниот мандат. Дали се опуштени заради тоа што се на крајот на мандатот или обејктивни се причините што тешко се собираат.
Заклучокот да се побара од Владата измена на локацијата за регионалната депонија беше изгласан едногласно.












