ТЕРА

REKLAMA???

ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ НА УКЛО СО 248 СЛОБОДНИ МЕСТА ЗА БРУЦОШИ

Економскиот факултет при универзитетот „Св.Климент Охридски“ е една од најстарите универзитетски единици.  Повеќегодишната афирмација како високообразовна институција ја темели врз актуелните економски концепции застапени во наставните планови и програми, врз континуираната научноистражувачка и издавачка дејност и врз аплицираните научни проекти. исто така, факултетот остварува контакти и развива соработка со низа факултети и универзитети во и надвор од земјата.  И годинава за заинтересираните нуди додипломски и студии од втор и трет циклус.

Економскиот факултет во Прилеп годинава има место за 248 нови студенти кои би студирале на една од 6 различни академски додипломски програми . Според конкурсот, за четиригодишните студии по Менаџмент има 25 места во државната квота на редовни студенти, 5 места се за студенти со школарина и 3 места за вонредни. За четиригодишните студии по Меѓународен бизнис има места за 25 студенти кои би биле дел од државната квота, за 5 со кофинансирање и 3 вонредни, исто како и за четиригодишните студии по Маркетинг – 25 редовни /државна квота, 5 редовни со школарија и 3 вонредни. На академската додипломска програма Сметковоство и ревизија годинава ќе се запишат 50 студенти во квотата редовни студенти, 5 со кофинансирање и 3 вонредни. Ист е бројот студенти кои ќе го започнат својот прв циклус студии на академската програма Банкарство и финансии- 50 редовни во државна квота, 5 редовни со кофинансирање и 3 вонредни студенти. 25 кандидати годинава ќе бидат примени на студиската програма Е-бизнис како редовни студенти, 5 мина со кофинансирање и 3 вонредни.

За вториот циклус студии Економскиот факултет е подготвен за реализација на 6 академски едногодишни магистерски студии  и една двегодишна -вкупно 7 магистерски програми.

На насоката Сметководство и ревизија годинава има место за  15 кандидати, 15 кандидати ќе може да се запишат и на насоката Банкарски и финансиски менаџмент. По 6 кандидати годинава ќе може да ги започнат своите магистерски студии на академските програми Меѓународен бизнис, Е-бизнис,Маркетинг, Менаџмент и програмата Е-трговија и дигитален маркетинг. Магистерската програма Бизнис администрација и менаџмент е во времетраење од две години / четири семестри и годинава на Економскиот факултет во Прилеп има место за упис на 6 кандидати.

За третиот циклус студии на Економскиот факултет годинава според конкурсот има место 13 идни доктори:  по 3ца кандидати може да ги започнат докторските студии по Маркетинг и Менаџмент. Докторските студии по Финансии, Меѓународен бизнис и Бизнис информатика , според конкурсот се во процес на акредитација односно ре-акредитација, но уписите и за нив се во тек. За овие академски програми има место по 3 кандидати.

Инаку, Економскиот факултет – Прилеп е реномиран факултет кој  ефикасно се прилагодува на условите и барањата на новото време, успешно реализирајќи ги реформите во образовниот процес. Академскиот кадар спроведува релевантни научни и развојни истражувања од областа на економијата и бизнисот во согласност со потребите на општествената заедница и во насока на остварување одржлив економски развој.