ТЕРА

REKLAMA???

ЕКСКЛУЗИВНА ФОТОГРАФИЈА ОД МОМЕНТОТ КОГА ПЛАНИНАРОТ СЛЕГОЛ ВО НИЖЕ ПОЛЕ

Ова е ексклузивна фотографија од пронајдениот планинар од Прилеп.
Фотографијата за ТВ Тера предмалку ни ја испрати планинарот Омер Бесимовски. На неа е сликан планинарот по кој се трагаше во моментот кога слегол во Ниже Поле.
Со ова, успешно заврши спасувачката акција на Пелистер и планинарот е пронајден, потврди за ТЕРА телевизија директорот на Националниот парк Пелистер, Иванчо Тошевски.
Според непотврдени информации од терен, дознаваме дека планинарот додека се движел со група планинари, од силниот ветер му паднал телефонот од раката. Тој барајќи го телефонот, останал зад групата, застанал на местото во исчекување дека групата ќе се врати назад. Но, групата планинари продолжија да го бараат.
По триесетина минути , откако планинарот не можел да ја најде патеката по која се движел, нашол друг пат и се движел надолу до Ниже Поле.
За среќа, се поминало во најдобар ред и планинарот што денеска се изгуби на Пелистер нема никакви последици по неговото здравје.
За потсетување, денеска на подрачјето на Националниот парк Пелистер, во близина на локацијата позната како „Антена“, беше пријавено дека е изгубен планинар.
Лицето било телефонски достапно околу 10 минути, по што не бил достапен сигналот на неговиот мобилен телефон.
Потрагата првично започнала со ратрак, за подоцна случајот да биде пријавен во СВР Битола и во Националниот парк Пелистер – Битола, по што екипи веднаш се упатија на терен.
Теренот бил непристапен со густа магла, и од Ситуациониот центар биле побарани координати за лоцирање на планинарот.
Денешната спасувачка акција на Пелистер, за среќа заврши успешно.