Проектот “Подобрување на енергетската ефикасност на зградата: Демонстрација за јавни згради” со акроним “БЕНЕФИТ” кој се имплементира преку првиот повик од ИПА прекуграничната програма со Република Грција 2014- 2020 е во насока на остварување на целите на Европската Унија за намалување на глобалното затоплување. Оваа цел на Европската Унија се совпаѓа со целите на Парискиот договор за климатските промени кој беше усвоен на 12 декември 2015 година, а тоа е да се ограничи глобалното затоплување по можност до 1,5 степени Целзиусови, во споредба со прединдустриските нивоа.
Проектниот тим составен од Наташа Лукиќ, Гордана Цветковска Бошевска и Горан Неделков заедносо други учесници дел од проектот денеска одржаа конференција во Прилеп. Покрај останатото како заклочок од денешниот настан е и тоа дека мора да се внимава на стратешката насоченост при лоцирање на фотоволтаични инсталации да не зафаќаат земјоделско плодно обработливо земјиште бидејќи производството на храна не смее да се загрозии да има приоритет.
Целта на проектот БЕНЕФИТ (Подобрување на енергетската ефикасност на зградата: Демонстрација за јавни згради) е да ги поддржи јавните власти на локално и регионално ниво за усвојување планови за енергетска ефикасност (ЕЕ), кои содржат специфични цели и активности за заштеда на енергија за реновирање на фондот на јавни згради; исто така има за цел да ги зголеми капацитетите на персоналот на јавните власти во прекуграничната област, во планирањето и спроведувањето на проекти за енергетско реновирање во јавни згради.
Клучни предизвици се тоа што јавните власти во прекуграничната област немаат капацитет да развијат сигурни економични акциони планови за ЕЕ за јавните згради и недостатокот на специфичен систем за поддршка на одлуки за планирање енергетско реновирање на јавните згради. Проектот БЕНЕФИТ имаше за цел да се справи со овие предизвици преку следниов пристап/клучни резултати:
• развој на платформа за енергетска ефикасност на зградите, алатка за поддршка на одлуки за јавните власти што им помага при планирањето и спроведувањето на проекти за енергетско реновирање.
• имплементација на два пилот-проекта за енергетско доградување, демонстрирајќи ја примерната улога на јавните згради и зголемување на енергетската свест на поширокото општество.
• максимизирање на примената на политиките и ангажманот на заедницата во резултатите од проектот.
Резултати од проектот се:
• Подобрени капацитети на јавните институции
• Размена на искуства
• Високо влијание врз зголемувањето на свеста за енергијата,
• Намалување на емисиите,
• Зголемување на активности на градежната индустрија во областа на енергетска ефикасност
• Привлекување на инвестиции преку подготовка на предлог проекти
• итн.
Конзорциумот е формиран врз основа на надлежностите на партнерите за да се обезбеди комплементарност во однос на проектните активности. Во него спаѓаат партнери од јавниот сектор (YPESDA, Општина Битола) кои се главната целна група на проектот потоа во конзорциумот се вклучени и технички партнери (CRES центар за обновлива енергија и заштеда, CluBE – кластер за биоенергија и животна средина, Јавното претпријатие за урбанистичко планирање, архитектонски дизајн и инженеринг Битола) со искуство во поддршка на јавните власти кон нивните политики и проекти за ЕЕ.
Меѓусебна трговија со енергија „P2P“ е нов бизнис модел базиран на податоци во енергетскиот сектор. Воведувањето на „P2P“ моделот на тргување со енергија може да има големи општествени придобивки, притоа избегнувајќи значителни ризици за инфраструктурата и затоа неопходен е политички пристап кој промовира дијалог и иновации во насока на креирање правилен концепт на тргувањето со електрична енергија како дел од економијата на споделување.
Овој модел ќе овозможи забрзување на мерки за енергетска ефикасност.
Интересно објаснување за развој на пазарот на електрична енергија во нисконапонската мрежа е прашањето: „Можи ли да ја користам енергијата од вашите соларни панели додека сте на одмор? “ Таканаречен “P2P” модел на тргување со “струја” значи ако во вашата близина има некој кој има на кровот фотоволтаици цца 6KW вишокот да ви го продаде вам преку платформата “P2P” и микро мрежата со тоа што вие ќе платите поефтино од редовната цена за одреден значаен процент, а тој што вам ви ја продал “енергијата” ќе добие износ многукратно повеќе од колку да му ја продаде на ЕВН. Во овој случај треба да се платат трошоци за мрежата која ни од далеку не се исти како сега.
Во моментот ние плаќаме за “електрична енергија” по цена од цца 120 евра за MWh од кои само 40 евра одат за ЕСМ.
Согласно REPowerEU Европската Унија планира да биде подготвена за секое сценарио и во тој контекст интенцијата е побрзо и поодлучно да го диверзифицира снабдувањето, да го забрза ширењето на технологиите за зелена енергија и да ја намали побарувачката на енергија.
На ден 18.05.2022 година усвоен е планот „REPowerEU“ за брзо намалување на зависноста на ЕУ од руските фосилни горива со брзо проследување на чистата транзиција и здружување на силите за да се постигне поотпорна и вистинска енергетска унија.












