Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера регистрираше земјотрес 92 км јужно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Мрежичко-Кавадарци.
Земјотресот се случи во 15 часот и 40 минути со Рихтерова локална магнитуда 3.4 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Прилеп, Битола и околината.












