ТЕРА

REKLAMA???

ЕСМ ГО ДЕМАНТИРА ВМРО ДПМНЕ ДЕКА ИМА ДЕФЕКТ НА БЛОКОТ 1

ВМРО ДПМНЕ преку соопштение вели дека додека СДСМ се фали со лаги, РЕК Битола повторно со Блок 1 надвор од мрежа.

„На лагата и се кратки нозете. После помпезните најави и невистини кои се искажани од СДС за успесите во енергетиката, БЛОК1 на РЕК Битола е повторно надвор од мрежа од 23.01.2022 и тоа со скинати цевки на котел. Исто така само за да може да се прави ПР со лаги и фалби, истиот подолго време се експлоатирал и со дефект во кондезаторскиот дел, за да може владините претставници да се сликаат една недела. Колкави штети се направени со ваквото недозволено работење на турбината и на котелот ќе гледаме во следнот период. Исто така предупредуваме дека подолго време и БЛОК 2 се експлоатира со недозволени параметри и без посериозни ремонти. Зошто ова се прави и кои ќе бидат последиците ќе покаже времето. Од извори во ТЕЦ Осломеј потврдено е дека синоќа повторно избило пожар кој вешто се премолчува од страна на власта. Наместо реална слика во енергетиката, власта излегува со ефтин ПР дека продаваат вишоци, дека сẻ е под контрола и слично, се вели меѓу другото во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

На ова следуваше реакција од ЕСМ, во која АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола ги демантира информациите што во јавноста ги пласира политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.

„Во РЕК Битола нема дефект на Блок 1, ниту било какви други сериозни проблеми на некоја од постројките.

Блок 1 на РЕК Битола е плански исклучен од мрежа заради повеќе интервенции на различни позиции во постројката. Предвидено е активностите да завршат до сабота и викендов Блок 1 повторно да биде ставен во функција.

Активностите се преземени плански токму деновиве бидејќи сите останати капацитети на АД ЕСМ се во погон и произведуваат електрична енергија со која во целост се задоволуваат потребите на домаќинствата, на малите потрошувачи и на останатите капацитети согласно владините задолженија“ стои во реакцијата на ЕСМ.