Почетокот на март, според некои и целиот месец, е посветен на жената. Секако, политичкиот аспект за правата на жените на 8 Март останува целосно настрана, па сите, и мажи и жени стануваат жртва на конзумеризмот. Еве неколку женски специфики кои треба да ги знаете пред да тргнете во потрага по идеалниот подарок .
Една британска компанија за производство на сапун и козметички производи за високосензитивна кожа пред три години направила истражување за однесувањето и навиките на жените. Испитале 2000 жени, а со нив попатно и нивните машки партнери, доколку овие ги имале и , излегле со некои од заклучоците.
Многу жени поминуваат повеќе часови пред огледало отколку на кое било место во нивниот дом.

Според студијата , за секојдневната навика за користење огледало истражувањето покажало дека поголемиот дел од жените се чувствуваат принудени постојано да го проверуваат својот изглед во текот на денот. Педесет проценти од жените изјавиле дека нема да ги напуштат своите домови без некој вид огледало, а 10 проценти од учесниците рекле дека ги користат своите компактни огледалца најмалку 10 пати на ден.
Некои жени не сакаат друга жена да го носи истиот фустан што го поседуваат.

„Кога Кеј видела дека некој носи фустан како нејзиниот во црквата, решила да го подари новокупениот розов фустан на внука штом ќе стигне дома“. Кога вакви одговори им биле предадени на испитувачите, тие нормално дошле до заклучокот во студијата дека жените не сакаат да носат облека што има дупликати или дури наликува на онаа што ја носи друга жена. Откако ќе најдат други жени или некој што го носи истиот фустан што го имаат, тие престануваат да го носат – или го препродаваат или даруваат, само за да се ослободат од него.
Повеќето жени ги носат чантите со себе каде и да одат.

„Од трговски центар до гаража, од канцеларија до тоалет, жените секогаш ги носат своите торби со себе. Како нивните чанти да се дел од нивната облека што не можат да ја соблечат од телото. Навистина, на жените им е непријатно да ја напуштат својата куќа без торба на рамениците или на телото. Навистина, изгледа дека женските чанти се залепени за нивното тело. И не само тоа, тие имаат неколку видови чанти во сите стилови и големини како и во различни бои.“ – пишува во статијата која е извлечена од студијата за однесувањето и навиките на жените, наменски направена за подоцнаа да се пласираат различни козметички производи.
Aј што во продавница се ценкаат, туку купувањето трае со саати

Ова повеќе го отсликува мажот отколку жените, всушност и истражувањето за ова прашање квалитетно го пополниле мажите, а не жените. Значи, жените трошеле минимум 30 минути при ценкање за некој производ од на тезга. Обично се ценка за еден премет, ако и излезе прилика да купи неколку, тоа подразбира дека цел ден е во една уличка. Пробувањето на фустани, блузи и чевли трае и трае со саати, па жените , вели истражуавњето, биле способни во маркет или трговски центар да престојуваат цел ден. Испитаните мажи , на прашањето зошто жените се такви ? одговориле, не знам зошто се такви. Неколку жени пак на прашањето кажале дека обидите за пазарење, ценкање со маалски продавачи е занимлива ментална вежба.
Некои жени ги кријат годините и тежината

Во тинејџерските години, девојките често ја кажуваат својата возраст објавувајќи им ја на своите пријатели. Но, во нивните возрасни години, тие ја чуваат својата возраст во тајност колку што е можно повеќе. И кога ќе ги прашате за нивната возраст, тие симпатично се повикуваат на непишаното бон-тон правило дека жените не се прашуваат за години. Со текот на времето, правилото се проширило и на тежината. Ако и случајно се наметне темата години и тежина, внимателно забележете како ќе се изврти темата – вели истражувњето на Simple Skincare.
Студијата завршува со констатацијата дека жените можеле да бидат смешни.
Но, авторите признаваат дека без нив светот би бил грдо, досадно и безживотно место.
Фотографии: автори од unsplash,com












