Битолскиот театар годинава ќе има 10 премиерни претстави што ќе се работат со матични и режисери гости, а ќе има и гостувања надвор од земјата. статистиката на раководството ја потврдува нивната кампања – театарот на народот.

„Која е Вашата најкарактеристична црта на личноста? Квалитети што најмногу ги цените кај мажите/жените? Вашиот главен недостаток? Вашата омилена активност? Што е за Вас среќа/несреќа?“
Овие и многу други се прашањата на Прустовкиот прашалник кој треба да ве доведе Вас и актерите на сцената на Битолскиот театар до искреноста, која режисерот Благој Мицевски и авторот на текстот Игор Кузмановски ја бараат во најновата престава на БНТ – „Жиголо“ чија премиера е закажана за 1 март.

Ова ќе биде првата претстава од 10те кои оваа година ќе ги работи Битолскиот театар беше соопштено на денешната прес конференција на раководството. Директорот Васко Мавровски информираше дека од сопствени и од средства доделени од министерството за култура ќе ги реализираат проектите – во нив и 3 праизведви, една детскла претстава, два како дел од програмата во основните и средните училишта.

На денешната конференција со медиумите, беа соопштени и информации за посетеноста на театарот во првите два месеци од оваа година, информира тимот за односи со јавноста на театарот – 14 изведби на претстави и 3.088 посетители. „Тоа зборува дека кампањата „дојдете во театар„ и посветеноста на сите вработени ги даде своите резултати“ е оценката за овие податоци. Во текот на годината театарот планира и промоција на монографија , што ќе биде своевиден освбрт на големиот јубилеј што го одбележува оваа година – 80 години постоење и театарски претстави на македонски јазик.

Премиерата на „Жиголо“ , чии фотографии ги презентираме , е предвидена за 1 март, постписници се Благој Мицевски как режисер, Иван Кузмановски – автор , Сценографијата е на Сергеј Светозарев, Музиката на Марјан Нечак,костимите на Благој Мицевски ,драматург е Оливера Павловска.
Актерската екипа ја сочинуваат Марјан Георгиевски, Марија Стефановска, Маја Андоновска Илијевски, Никола Пројчевски, Соња Михајлова.












