ТЕРА

REKLAMA???

ЗАВРШЕНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВОДОВОДНАТА ЛИНИЈА БИТОЛА- ПОЕШЕВО- ЛОГОВАРДИ

Општина Битола соопшти дека ЈКП „Водовод“ целосно ја заврши реконструкцијата на водоводната линија Битола – с. Поешево – с. Логоварди во должина од 6 километри, со реконструкцијата се заменети досегашните азбестно – цементните со полиетиленски HDPE водоводни цевки и нови приклучоци за домакинствата, со ова се добива комплетно нова водоводна мрежа која ќе ги реши долгогодишните проблеми на граѓаните и ќе го подобри квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето.

Проектот е финансиран преку Министерството за транспорт и врски и Владата на Република Македонија во рамките на првиот повик, во кој општината аплицираше со 16 проекти.

Вкупната сума на проектот изнесува 29.349.605 денари.

Фото: Општина Битола