ТЕРА

REKLAMA???

ЗАВРШНАТА СМЕТКА ИЗГЛАСАНА, СОВЕТОТ НЕМА ДА СЕ РАСПУШТИ

Кварталниот извештај за извршувањето на буџетот во четвртиот квартал од ланската 2024 година, предлог завршната сметка за 2024 година и предлог годишниот извештај на општината за 2024 година беа дел од точките на денешната редовна седница на Советот.

На комисијата за финансии и буџет кварталниот извештај за четвртиот квартал беше гласан со 2 гласа „за“ и 3 воздржани, исто така и завршната сметка со 2 „за“ и 3 воздржани. Ако ова се преслика денеска тогаш ќе се дојде во ситуација да се самораспуштат.

Илиевска вели додека давале поддршка на градоначалникот некои проекти го виделе светлото на денот.

„Во контекст на реализацијата и тој квартален извештрај, нашето мислење одамна го знаат граѓаните и ние нормално го слушаме гласот на граѓаните, а тоа е дека во Битола апсолутно не се реализираат приоритетните потреби на граѓаните, градот е претворен во една депонија, на секој чекор имаме ѓубре, секоја втора улица е раскопана, така што буквално сме заглавени во сообраќајниот хаос. Капитални проекти не ни споменувам, бидејќи многу далеку сме од капитални проекти. Во изминатите еве да речам три-четири години единствени капитални проекти кои што гледаат некакво светло на денот, меѓутоа не се целосно реализирани се проектите на Поинаку, Копанки, Новиот градски парк, дел од Хачико и секако единствен завршен капитален проект тоа се игралиштата во Елпида Караманди кои што беа целосно проект на Поинаку“ рече претседателската на Советот, Габриела Илиевска.

Николовски од СДСМ вели дека нема да ја гласаат завршната сметка на општината.

„Бидејќи сметаме дека Тони Коњановски постојано се служи со фингирани бројки, тоа го зборував и на претходни седници кога имавме ребаланси на буџетот, измена на развојните програми и мислиме дека во овие четири години Тони Коњановски се понаша како да има мандат од осум години, а не од четири, како оваа година да е последна и завршна и многу од ветените проекти  требаше веќе граѓаните да ги видат со очи. Да бројќите зборуваат како да се високи, велат дека имаат огромен проецент на реализација, но во пракса граѓаните не ја гледаат Битола како поубава, како почиста и многу е апсурно што програмите кои што се наменети за чистотата во нашииот град имаат реализација од 100 проценти, но ве повикувам и вас медиумите и граѓаните да излезиме на теран да видиме дали Битола е навистина поубава, посредена, поорганизирана, дали имаме реализирани капитални проекти“ рече советникот од СДСМ, Петар Николовски.

Бојкоски категоричен, вели пред фактите и боговите молќат, а општината има голем процент на реализација. И повторно сега дилемата ако не се изгласа, ќе се самораспуштат.

„Така е, согласно законот ако не биде донесена завршната сметка Советот се распушта. ВМРО ДПМНЕ и коалицијата имаат 13 советници. Сите оние кои што сметаат дека правилнио и исправо се работело, ги поддржуваат сите проекти кои што биле реализрани во 2024 година очекуваме да ја дадат поддршката. Ние не обезбедуваме никакво мнозинство, очекуваме оние советници кои што ќе препознаат дека искрено и посветено се работело во 2024 година да дадат поддршка на завршната сметка, бидејќи во завршната сметка од она што можевме да видиме дека во развојните програми кои што беа на годишните програми се реализирани голем број на проекти, тоа се преку 100 проекти во делот на инфраструктурата, асфалтирање, канализација, водовод, објекти кои што се прават на територијата на Општина Битола и тоа само го потврдува она кое што е во дел од завршната сметка каде финансискста состојба на Општина Битола е стабилна. Како што е приложено и во годишниот извештај за работењето на Општина Битола на сметката на општината има 2 милиони евра и тоа е факт кој што е напишан и утврден од пописната комисија која што го направила пописот во општината“ рече советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.

Побаравме став и за коментарот на Илиевска дека додека Поинаку давале поддршка проекти се реализирале.

„Сите проекти кои што ВМРО ДПМНЕ ги вети на локалните избори во 2021 година се почнати да се реализираат и голем дел од нив се завршени. Проектите кои што доаѓаат и од останатите советнички групи, дали тоа е од СДСМ, од Поинаку, од советничката од ДОМ и другите, ние секогаш сме ги гласале и тоа е една пракса која што ја има оваа локална самоуправа и нашата советничка група дека се што е добро и што го бараат граѓаните, ние го гласаме, додека во претходниот мандат кога СДСМ беше локална власт сите оние проекти кои што ги бараа граѓаните и советничките групи, а значеа една додадена вредноист за живеење во градот, не ги поддржуваа само од нивни политички инает, бидејќи тогаш имаа претпоставувам советници и не му беа потребни останатите советнички групи. Меѓутоа тоа беше лоша пракса и таа пракса треба да се напушти бидејќи сите советници кои што се избрани во Советот имаат одредени категории на граѓани кои што ги гласале и ги бараат. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме сите проекти кои што ќе значат додадена вредност за градот“ вели Бојкоски.

До Николовски и следното прашање. Ако градоначалникот ги преземи ингеренциите, ако вие се распуштите, што ќе правите?

„Нека ги преземи ингеренциите, тогаш ќе знаме кој е точниот виновник за ситауцијата во нашиот град, бидејќи сведоци сме дека во изминатите четири години постојано градоначалникот Тони Коњановски се служи со алиби политика како Советот на Општина Битола е кочничар, како нема поддршка од Советот, што е апсурна невистина“ вели Николовски.

Бојковски вели за разлика од СДСМ ние сме поинакви и тоа го докажавме.

„Тоа е нивна лична перцепција на советничката група на СДСМ и тоа е едно деструктивно однесување бидејќи ако не ја поддржат завршната сметка тоа е политичко право, меѓутоа граѓаните треба да знаат дека и проектите кои што ги предлагаше СДСМ кога се носеше буџет, ребаланси, ние ги поддржавме и дел од нив се почнати да се реализираат и тоа е едно неодговорно однесување. Доколку сакаат да направат напуштање на некаква си пракса тоа не е добро, меѓутоа тоа е нивна политичка одлука и граѓаните ќе си препознаат, оваа година

ќе има локани избори и ќе оценат на кого ќе ја дадат довербата. СДСМ ќе бидат жестоко поразени, тоа го тврдам одговорно“ вели Бојкоски.

Отако Николовски е координатор на советничката група повеќе нема гласа од типот ќе гласаме за да не не обвинат дека ние правиме опструкции?

“Точно така“ ни одговори тој.

Мнозинството во Советот и да не се согласува со оваа завршна сметка, не би било логично да не се изгласа, велат познавачите на приликите, оти тоа ќе отвори пат за распуштање на Советот, а сега политичките партии се во друг филм, кој од лицата да се наместат на кандидатските листи за идниот состав на Советот.

Сепак завршната сметка беше изгласана со мнозинство гласови, а со тоа нема самораспуштање на овој Совет.