Обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до денеска.
АМСМ потсетува дека законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата започна на 15 ноември лани, а трае до 15 март годинава, односно до денеска.
Инаку, казната за неносење на задолжителна зимска опрема изнесува 45 евра во денарска противвредност, односно 25 негативни бодови согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.












