ТЕРА

REKLAMA???

ЗАПОЧНАА ДИСКУСИИ ЗА ОПРАВДАНОСТА НА ИЗГРАДБА НА ГОНДОЛА НА ПЕЛИСТЕР

Во салата на Советот на општина Битола се одржа презентација на можностите и де факто почетокот на работа врз физибилити студија за Гондола на Пелистер. Французин на Англиски јазик со француски акцент преведуван од Словенец на Српски јазик на присутните им презентираа светски искуства.

 

Присутните веќе знаеја дека се работи за изградба на инфраструктура на Пелистер којашто треба да привлече туристи. Според изјавата на градоначалникот Тони Коњановски, еден од чекорите што треба да се преземат за развој на туристичката индустрија овде кај нас.

Идејата засега е Гондолата да биде стопанисувана преку јавно комунално претпријатите. А намерата на општината е максимално да се зачува чистотата на планината. Оттука и денешната прва јавна дебата со сите потенцијални чинители – туристички агенции, претставници на граѓанскиот сектор, советници, политичари. Освен што се презентираа искуства од Еквадор, Шпанија и Франција, требаше да се дискутира и за потренцијалните негативни последици што урбанизирањето на Пелистер може да донесат.

Франц Фурлани е еден од експертите кои ќе работат на физибилити студијата. Вели, проектот има еден технички дел и тој технички дел треба да биде со некоја анализа, студија којашто ќе го даде оправдувањето за економскиот финансискиот дел на целиот проект. Има повеќе опции, вели Фурлани на прашањето за правците и големината „и затоа денеска сме овде да дискуситраме“. „Мислиме дека таков проект е важен за политиката но и заради луѓето кои тука живеат. Да ги кажат позитивните и негативните работи, вие подобро знаете“.

Идејата за жичарница – или гондола во Националниот парк „Пелистер“ носи големи предизвици. Загрозување на природата и биодиверзитетот, најпрвин преку градежните работи и изградбата на различни станици, постојки и кафетерии, преку загрозување на флората – со увезување на т.н човечки растенија, потреба од сечење на шумата се до врвот, како што првично се размислува да биде предложено. Аргументите кон изградба на овој објект се дека меѓународните искуства покажале оти Гондолите овозможиле луѓето да бидат поблиску до природата и, таквото искуство ја дава најпрвин релативната економската оправданост.