Во 12:00 часот започна гласањето на членките и единиците на битолскиот универзитет „Св.Климент Охридски“ за избор на нов ректор за наредните три години.

Кандидати се:
- Данчевска д-р Верица, редовен професор
- Димовски д-р Злате, редовен професор
- Кекеновски д-р Јове, редовен професор
- Кочоски д-р Љупче, редовен професор
- Неделковски д-р Игор, редовен професор
Претседателот на изборната комисија проф. д-р Љупчо Кеверески за Тера изјави дека вчера целиот изборен материјал беше подигнат од претседатлите на изборни комисии и дека денеска попладне се очекуваат неофицијалните резултати од гласањето.
Гласачките кутии ќе бидат отворени до 14:00 часот.













