Во Инфо центарот на Националниот парк, професори од Шумарскиот факултет при УКИМ и вработени од Јавната Установа на ученици кои се определиле шумарската професија да им биде професија им одржаа работилница. Теоријата и праксата споени во едно, во овој момент, кога животот на шумата на Пелистер е реалното шоу на еволуцијата, a моликата алармира.

Сет од мерки ќе спроведува Националниот парк Пелистер во обид да ја обезбеди иднината на моликовата шума на Пелистер. Тие официјално започнуваат, а подразбираат воведување и одржување на шумски ред и чистење на теренот, консултација со експертите за дефинирање на оптималните методи за расчистување со намалување на ризик од развој на габични заболувања и ризикот од пожари. А неможе паднатите дрвја само да се исфрлат од планината. Се работи за посебен екосистем – живеалиште, на многу.

Расчистување веќе има. Најпрвин се отвораа планинските патишта кои беа блокирани. Но, мора да се расчисти се, постои специфична опасност од паднатите.

Низ процеосот на расчистување ќе се спроведе проценка од стебло на стебло кое колку е здраво, колку може да се искористи репродуктивниот материјал што го носи, дали просторот бил место погодно за развој на штетни габи. Тоа е првиот стадиум од студијата што стручните ќе ја направат.

Ова не е нешто што може да се промени со еден клик на социјалните мрежи, напротив, и сега сведочиме на чекорите кои се досега направени – обезбедена е законската поддршка, инспекторатот направи проверка, записници, проценка, анимирани се сите надлежни орргани. Проблемот постои и е актуелизиран, вели професорот, сега треба да се работи.

Шума со дрвја од иста возраст не е најстабилна ниту пак естетски пријатна. Оттука, процесот мора да започне и да се има трпеливост и истрајност на сите генерации.

Воведување и одржување на шумски ред и чистење на теренот. Консултација со експерти за дефинирање на оптимални методи за расчистување, а во предвид да се има и спречувањето на ширењето на инспекти и габични заболувања и, намалувањето на ризикот од шумски пожари. Во исто време Националниот парк треба да ја изработи и програмата за одгледување и ревитализација на старата моликова шума– научна студија односно програма којашто ќе содржи детални насоки за долгорочна ревитализација на моликовата шума преку одредување и формирање подмладни јадра, кои, како што експертите зборуваат, ќе ја задржат моликовата шума и моликата како вид на надморската висина кадешто е најкорисна за зачувување на екосистемот.

Во сиот овој ангажман на крајот ќе се знае и финансиската структура, парите кои се потребни за да се спроведе пакетот мерки, затоа што ова не е проблем кој може инстантно да биде решен.

Оттука, јасно е дека не само вработените во НП Пелистер, туку сите кои екологијата ја имаат како своја водилка мора да се вклучат со своја помош за изнаоѓање и на финансиски средства. Националниот парк е јавна установа и средувањето на вонредната ситуација во која се наоѓа моликовата шума подразбира дополнителни пари.

А одговорноста е на оваа генерација. Моликовата шума не е само бренд, ниту пак само туристичка точка, таа е историја на регионот.












