ТЕРА

REKLAMA???

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „НАУМ НАУМОВСКИ БОРЧЕ“

Од Општина Битола информираат дека градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на почетокот на градежните активности за реконструкција на коловозот на улица „Наум Наумовски Борче“. Улицата се реконструира во должина од 373 метри, а истата е дел од проектот за „Реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици“, кој општина Битола го реализира оваа градежна сезона. Од овој проект, активностите се завршени на 11 улици, а на 4 се во тек, се вели во информацијата од Општина Битола.