ТЕРА

REKLAMA???

ЗАПОЧНА ТРЕТАТА ШКОЛА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СЕМИНАР ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

„ Денес, „Македонија е во светот, а светот во Македонија“. Развојот на странската македонистика веќе се одвива по цврсто утврдена патека на која има јасни патокази за развојот и во времето што следи. Стиховите на великанот Ацо Шопов добиваат и нови значења и толкувања преку посветеноста на македонскиот јазик, литература и култура од страна на странските македонисти“. Ова се дел од пораките со кои свечено беше отворена Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на која учествуваат над 40 странски македонисти од 17 држави.

Со Школата започна чествувањето на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на великанот на современата македонска литература и култура, Ацо Шопов и остварувањето на националната програма во негова чест. На свеченото отворање на Школата се обрати претседателот на државата, Стево Пендаровски, под чие покровителство се остварува националната програма „2023, Година во чест на Ацо Шопов“.

Зборуваше и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), проф. д-р Никола Јанкуловски и директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Веднаш по отворањето, Школата, која се одржува виртуелно, на далечина, започна со интензивна работа, со учесници од: Кина, Виетнам, Соединетите Американски Држави, Австралија, Турција, Полска, Словенија, Чешка  Унгарија, Грција, Бугарија, Романија, Молдавија, Руската Федерација, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина. Планирано е да трае до 28 јануари, со вкупен фонд од по 30 часа за секоја од групите.