Центар за јавно здравје информира дека првата фаза од превентивната систематска дезинсекција за уништување на возрасни форми на комарци на подрачјето на Општина Битола која требаше да се спроведува во периодот од 06.06.2022 (понеделник) до 10.06.2022 (петок) год., е одложена поради неповолни временски услови (дожд, ветер).
Истата ќе започне со стабилизирање на временските услови, со цел ефективност и ефикасност на постапката. За почетокот на првата фаза од адултицидната дезинсекција ќе бидете навремено информирани, велат од Центарот за јавно здравје-Битола.












