ТЕРА

REKLAMA???

ЗАЈКОВА: ЛДП Е ПОДГОТВЕНА САМОСТОЈНО ДА НАСТАПИ НА ИЗБОРИТЕ

ЛДП е подготвена да настапи самостојно на овие избори и како лидер на обединетиот политички, граѓански центар и на сите прогресивни сили, вели претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

„Жал ми е што ова Собрание, во овој период не најде сила да донесе соодветен Изборен законик иако се знаеше дека доаѓаат локалните избори. ЛДП имаше предлог за измени на Изборниот законик во кој јасно беа регулирани и начинот на кој што би се собирале потписите за независни кандидати. Меѓутоа она што беше суштинска измена е и можноста за отворени листи бидејќи сметаме дека ќе беа клучни за овие избори“ вели претседателката на ЛДП Закојкова, која е и пратеничка во Собранието.

Ја прашавме и за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа, каде една од измените е и можноста за отповикување на градоначалниците.

„ЛДП две години неуморно зборува за можноста за отповикување на градоначалник. Имавме и дебата и тука во Битола на која зборувавме за тоа кои се предностите за отповикување. Проблемот е што, еве да ја свртиме обратно работата. Кога ЛДП поднесуваше Закон за рамномерен регионален развој, кога ЛДП поднесуваше Закон за субвенциониран студентски оброк тие закони добиваа едногласна поддршка во Собранието, што значи дека е во капацитетот да се изгради сојузништво и консензус за да се направат навистина системски промени. Значи недостатокот на политичка волја е она што ги кочи суштинските реформи кои што треба да бидат спроведени“ вели Зајкова.

И апелираше, како што рече уште еднаш да проработи разумот кај пратениците, бидејќи таму се сепак поставени од граѓаните и треба да се слушаат нивните потреби, а не партиските и да се донесе овој закон, кој што е единствена алатка која малку ќе стави стоп на оние градоначалници кои што се однесуваат неодговорно.

Зајкова кажа дека на овие избори тие ќе се вратат со советници во Советот на Општина Битола, а побаравме и коментар за тоа дали може да се случи на овие локални избори да се провлекуваат теми кои не се директно поврзани со работата на локалните самоуправи, туку станува збор за национални теми.

Во продолжение целото интервју со неа.