Повеќето од нас се сеќаваат дека за Велигденските празници најголема радост ни беше новата облека која ни ја купуваа родетелите за овај најголем верски празник. Денес и покрај поплиткиот џеб повеќето од нас купуваат често нова облека, било за себе или пак за своите деца и внуци, па се поставува прашањето дали останала традицијата од порано да се подновиме за Велигден ?
„Да, ќе купуваме нова облека и за себе и за децата“, вели битолчанка
„Ќе купиме нова облека, така нас ни купувале, така сега ние им купуваме на децата и внуците“, вели битолчанка.
Пред Велигден домаќинките ги чистат и своите домови, а потоа ги украсуваат со најразлични велигденски украси на кои најмногу им се радуваат најмалите.












