ТЕРА

REKLAMA???

ЗА ВЛАСТА РЕКОРДИ ЗА ОПОЗИЦИЈАТА НИШТО СРАБОТЕНО

Денеска пред битолските советници Кварталниот извештај на Буџетот на Општина Битола за четвртиот квартал од минатата година и завршната сметка на општината за 2022. За локалната власт станува збор за рекордна реализација на буџетот.

 „Од она што го имаме од материјалите и кое реално се гледа на терен иаме рекордна реализација од 84% на буџетот што не беше пракса во изминатите години, кога реализирањето на буџетот највисоко достигнуваше до 64%. Тоа го говорат и сите оние проекти кои се реализирани во изминатата година. Асфалтирани се преку 20 улици, отпочнати се постапки за изградба на сите оние капитални инвестиции како изградба на стационар за бездомни животни, патеката Тумбе Кафе-Смолево, изработката на техничката документација за сите оние поголеми инфраструктурни зафати кои треба да се случат во 2023 година“, рече Бојан Бојкоски, советник од ВМРО ДПМНЕ.

Опозицијата пак критикуваше. Парите велат ги потрошија, а проектите не се реализирани.

„Во оваа завршна сметка и во овај квартал има два факти. Првиот факт е дека се имаат потрошено голем број на финансиски средства во Општина Битола во изминатата година, тоа е непобитен факт, бројките така кажуваат и вториот факт е дека ништо спектакуларно не се случи во Општина Битола во 2022 година. Парите се потрошија, не се реализирани проекти, ветувањата не се реализирани. Она кое што го очекуваа граѓаните од оваа локална власт да го реализираат, за жал досега ништо не е реализирано. Она кое ние го говоревме и кажувавме дека трошат голем број на финансиски средства за да ги задоволуваат своите лични потреби, денес се потврдува“, рече Методија Илиевски, советник од СДСМ.

На ваквите обвинувања советникот од советничката група на Подем Златко Лозановски одговори:

„Можиме да зборуваме и да компарираме со претходните години дека наместо општина блокирана која што не се грижи да си ги собере своите приходи, а со тоа нели ако нема приходи нема ни расходи и да ги изврши сите оние ветени проекти, сега не е така, гледаме дека дадовме една добра лекција како треба и како може да се работи. Ние даваме изборна програма, даваме предлог проекти кои што планираме да ги завршиме , да ги сработиме, на коишто сме обврзани пред граѓаните во нашиот четиригодишен мандат, се разбира сето она што може да се заврши во текот на една календарска година успешно се гледа во самите бројки за реализација, бројки во проценти дека е завршено“, изјави Златко Лозановски, советник од ПОДЕМ.

Пред битолските советници како точка на дневен ред беше и годишниот извештај на Општина Битола за ланската година.