ТЕРА

REKLAMA???

ЗА ВРЕМЕ НА САМИТОТ НА ЕУ, ЗЕЛЕНСКИ ОЧЕКУВА ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА РУСКИТЕ НАПАДИ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека очекува Русија да ги интензивира нападите врз Украина, додека Киев неделава ја очекува одлуката на Европска Унија за доделување на статус земја кандидат за членство.

На 23 и 24 јуни се одржува редовен самит на ЕУ, на кој, меѓу другото, ќе се разговара и за мислењата на Европска Комисија објавени минатата недела за апликациите на трите земји – Украина, Молдавија и Грузија.

Новиот висок генерал на армијата на Велика Британија вели дека руската инвазија на Украина го променила изгледот на британската војска, која мора да биде способна да се бори заедно со сојузниците и подготвена да ја порази Русија на бојното поле.

Генералот Патрик Сандерс со порака до војниците рече дека обемот на руската закана „покажува дека влеговме во нова ера на несигурност“.

Украинскиот парламент гласаше за забрана на дел од руската музика во медиумите и јавните простори.

Забраната нема да важи за целата руска музика, туку се однесува на музиката создадена или изведена од оние кои се или биле руски државјани по 1991 година.

Уметниците кои ја осудија војната на Русија во Украина можат да поднесат барање за изземање од забраната.