ТЕРА

REKLAMA???

ЗА ДЕВЕТ МИНУТИ ОД БИТОЛА ДО ЖАБЕНИ

После три децении денеска тргна возот од Битола за Жабени. Пристигна од Скопје во 10:20 часот, а за Жабени тргна во 10:30 часот. Релацијата од Битола до Жабени се вози за околу 9 минути, а попатно едно застанување на стојалиште во Кравари.

„После толку години дојде денот да се пушти оваа пруга за Грција, беше во прекин после распадот на поранешна Југославија , еве денес Македонски железници да ја пушти оваа пруга и ќе сообраќа секој ден овај истиот воз. Во 10:30 часот ќе тргнува од Битола секој ден, а од Жабени ќе биде во 11 часот. По ред на возење треба за 9 минути да сме од Битола до Жабени, имаме едно стојалиште во Кравари и станица Жабени“, рече машиновозачот Николче Лисолајски.

Славица Талевска, поранешна вработена во Македонски железници, сега пензионерка заедно со своите пријателки беа меѓу првите патници кои денеска патуваа до Жабени.

Возот ќе сообраќа секој ден, а цената на билетот во еден правец чини 43 денари, а повратниот билет 68 денари. Денеска  имаше околу 15 тина патници, кои до Жабени поради возобновувањето на железничкиот правец патуваа промотивно без билет. Со реактивирањето на железничкиот превоз на патници од Битола до Жабени, се поместува последната станица на возот, а наскоро Битола ќе биде поврзана со Лерин и Солун.

Железничката пруга од Битола до границата со Република Грција, во должина од 18 километри почна да се обновува во 2015 година и притоа со средства од ЕУ и од македонската влада поставени се нови шини, сигнализација, изградени се 9 мостови, 30 безбедни железнички премини, нова станична зграда и други придружни елементи за непречен железнички сообраќај и превоз на патници. Како што е познато првата железничко – патна врска на Битола со Солун е воспоставена на 13 јули 1894 година кога на населението му беше овозможено непречено патување, размена на стоки и престој во двата града.