ТЕРА

REKLAMA???

ЗА ЛОКАЛНИОТ ПАТ КРКЛИНО-РАШТАНИ-ГОРНО ОРИЗАРИ

Советникот од СДСМ Борче Корлевски на вчерашната седница на Советот на Општина Битола рече дека жителите од месните заедници во Крклино, дел од Горно Оризари и Раштани барат да биде асфалтиран патот кој треба да ги поврзе овие населени места. Тие, како што рече Корлевски имале пратено писмо и до градоначалникот на Општина Битола и до службите во Општината.

Претседателката на Советот, Габриела Илиевска рече дека прашала во Одделението за економски развој од каде добила информација дека овој потег на локалниот пат е влезен во програмата за оваа година.