Според метеоролозите уште денеска со услови за дожд. Променливо облачно со подолги сончеви периоди во источните делови. Во западните и јужните делови ќе има услови за повремен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Веќе една недела сме под облаци, повремено и со дожд, не многу обилен, но непријатен за овој пролетен период, кога температурите стигнуават и до 20-23 степени.
Од утре без многу облаци и без дожд. Споре УХМР утре утрото ведро и посвежо, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утре во Битола дневната до 21 степен.
И во среда утринските температури ќе бидат пониски, а дневните ќе бидат во постепен пораст, па ќе се движат од 19 до 27 степени.
В четврток е 1 мај-меѓународниот ден на трудот, традицијата кај нас е дека на тој ден се оди на ливада и се прави скара. Не сите се определуваат за ваков излет, но на оние кои ќе одат важно им е какво ќе биде времето.
На 1 мај сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските од 5°C до 12°C, а дневаните од 19°C до 26°C.












