„Уште многу долго ќе се гледате со мене“, ни рече претседателката на Советот Габриела Илиевска во завршницата од интервјуто во кое зборуваме за актуелниот мандат на овој состав и плановите за изборите.
Ја прашавме дали ќе се кандидира за градоначалник на Битола или ќе настапат само со советничка листа, ја прашавме од кое решение е повеќе изненадена, од кандидатурата на Коњановски за втор мандат или од кандидатот на СДСМ, Методија Куновски, за кој рече дека нема мислење, оти во нејзиното долгогодишно искуство во локалната самоуправа, таа како што рече господинот не го имала сретнато никаде, не ги знаела неговите ставови во врска со локалната самоуправа и неможела да знае колку е запознаен со проблемите на градот.
Дали Илиевска преговарала со СДСМ за таа да добие поддршка од нив за кандидатка за градоначалник на Битола, во продолжение од интервјуто.












