Нови начини за активација на невработеното локално население, можности за поддршка и соработка со Локалниот економско-социјален совет на Општина Струга. На оваа тема неодамна во Струга седнаа на маса невладините со претставници од Општина Струга за улогата на Локалниот економско-социјален совет во креирањето на подобро политика за подобрување на социо-економската слика. На јавната дискусија беше презентирана анализата на локалниот пазар на труд, новите мерки за вработување во согласност со локалниот контекст.

На јавната дискусија се зборуваше и за обесхрабрените лица и оние кои се дел од неформалната економија.

Беше речено и дека југозападниот регион е регион од каде има поголемо иселување, а за ние кои сме тука проблем е и неформалната економија.

Во општина Струга првично Локалниот економско-социјален совет беше формиран во 2016 година, потоа имаше застој во неговата работа, а во 2019 година се реформира. Целта беше во тој трипартитен дијалог да се вклучат синдикатот, работодавачите и единиците на локалната самоуправа.

Центарот на заедницата на Општина Струга го реализираше настанот во соработка со Младинскиот културен центар Битола во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“ со поддршка на Мегународниот центар Олоф Палме од Шведска.












