ТЕРА

REKLAMA???

ЗА ПРВ ПАТ ВО БИТОЛА-ИЗБОР НА МАТУРАНТИ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2022

Интернет порталот Кепенци.мк кој е новорoдeнче во виртуелниот медиумски „етер“ во Македонија, со првата дружба и фотографирање со матурантите од СЕУ „Јане Сандански“ ја почна големата акција за избор на матуранти на генерацијата 2022.

Идејата е матурантите од сите средни училишта во градот преку кампањата Royal Prom да добијат поголема видливост и влијание, во услови кога младите во Битола воопшто се чувствуваат по малку запоставени и игнорирани од општеството.

На неколкуте средби со претставници на Младинскиот совет на Битола и средношколци од матурските одбори околу идејата за ваква заедничка акција, младите рекоа – шуќур на некој да му текни на нас, оти нас никој не не есапи серозно, ниту ни обрнува внимание, велат организаторите.

Кампањата Royal Prom се состоше од три етапи :

– Фотографирање на матурантите од сите училишта пред почетокот и за време на нивните матурски прослави, од 17 до 26 мај
– Гласање на порталот Кепенци.мк каде се објавени галериите за Royal Prom 2022 од 27 мај до 12 јули
– Голема градска матурска забава на отворено, на платото пред Офицерски дом со прогласување на Prom King , Prom Queen и другите членови на матурското „кралско семејство“ на Битола, со наши битолски естрадни изведувачи.