Месец и половина Широк Сокак има споменици на светски сниматели во облик на ѕвезди, кои граѓаните ги нарекуваат дивоградба, а ниту советниците ниту општинските служби немаат постапено за решавање на дилемата.
На септемвриската седница на Советот на општина Битола се дискутираше за месингание ѕвезди вграфени во гранитните плочи на потегот на Широк Сокак од киното „Манаки“ до крстосницата со улица Солунска. И порај законската обврска избраните и назначени функционери да пријават нелегално постапување, тоа досега не го направил ниту еден од советниците, односно советничките групи.
Координаторот на советниците од СДСМ Метопдија Илиевски, потести дека на седницата на Советот на која се дискутираше на темата, ја дадоа својата согласност на претходно донесениот заклучок од Комисијата за комунални и јавни дејности, иницијаторот и инвеститор да ги испочитува законските прописи.

„Ја следевте тогаш седницата, ние дадовме соодветни забелешки и образложенија, кажавме дека ќе гласаме само за да не го нарушиме процесот на фестивалот кој беше во нашиот град, да не ставиме црна дамка итн. и, тогаш директорот на фестивалот кој беше присутен на самата седница кажа дека по завршувањето на седницата и фестивалот ќе продолжи да ги регулира законските прашања кои се отворени во тој момент, во однос за поставувањето дека ќе не извести итн. до овој момент немаме никакво известување од страна на менаџментот на фестивалот. Ги замолувам јавно да не известат како Совет, да ни кажат до каде се со нивните законски процедури , бидејќи дадовме простор директорот и менаџментот на фестивалот да си ја завршат својата работа. “
Координаторот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Бојковски, кој дополнително го има товарот на претседателствувањето со Комисијата за јавни и комунални дејности од Советот што даде Заклучок за нивно поставување со услов иницијаторите да ја почитуваат законската процедура, со жалење констатира,

„Советот нема надлежност во тој дел по однос на информациите коишто ги даде Управата за заштита на културно наследство. Од она што беше соопштение на УЗКН , дека постапката сега е во нивни раце. Ние како Совет и Општина во моментот немаме никакви надлежности по однос на тоа прашање. “
И Анастасија Трајковска од ДОМ потенцира дека засега општинските раце се врзани, се очекува наодот на Управата за заштита на културно наследство.

„Одлуката на Управата за културно наследство е клучна. Тоа што требаше да се превземе е да се иницира Управата да донесе Одлука. Треба да разбреме дека Законот за заштита на културно наследство кој се однесува на централното градско јадро е над сите. Во однос на неговите одлуки постапуваат сите други институции подолу. “
На граѓаните им бараме да почитуваат многу правила и закони, вели Габриела Илиеска од ПОИНАКУ, a ние како советици направивме се што е во наша моќ за да разбереме кој тоа таму прави нешто.

„Немаме апсолутно никаква информација. Меѓутоа мора да ја разбреме и поделеноста на ингеренциите. Градоначалникот ја има извршната власт. Ние како советници немаме надлежност врз инспекцијата, врз инспекторатот или врз администрацијата. Ние можеме да укажеме , и , мислам дека не само што укажавме туку навистина (прашањето н.з) го кренавме на највисоко ниво. Очигледно е дека реакцијата на градоначалникот ја нема. Наместо да бидат санкционирани или да се добие информација дали тоа е правно, легално, исполнуваат услови или не, наместо тоа ние видовме црвен тепих , чаша шампањско и наздравување за „дивоградба“. “
Целата ситуација со ѕвездите на Широк Сокак ја следат и двата советници на Левица. И тие се свесни дека избраните функционери треба да пријават забележано нелегално дејствие.

„Сеуште немаме преземено никакви дејствија, но сме во тек со службите така да , и на претходната седница беше дискутабилно ова прашање. Голем дел од советниците немаат став околу тоа прашање, ние сме во тек , сеуште ја испитуваме таа ситуација. “
Заклучокот што иницијаторите го добија во август од општинската комисија не предвидува никави законски рокови за постапување , ниту обврзува, туку само насочува кон почитување на законските прописи. Ни Управата нема законски рок и обврска да го објави записникот од извршениот увид што го направи пред петнаесеттина дена. Ако записникот со одредената фото-документација е готов, не е испратен ниту до медиумите кои го побараа тоа. Општинските комисии поврзани со урбанизам и урбанистичко планирање ја чекаат Управата, а комуналната инспекција како кадешто се пријавува некакво бесправно делување работи по пријава. Досега никој не пријавил дека звездите на Широк Сокак се бесправно изградени.












