Битола има два јавни тоалети. Но најголем број од туристите не знаат како да ги најдат. Недоволно информирани се и повеќето битолчани.
Тактика ли е или стратегија, но во градот нема знаци кои ве водат до јавен тоалет иако има два, уредени, чисти и функционални.
Едниот е изграден пред скоро 6 децении. Лоциран е во паркот зад Јени џамија. Во својата историја Ве-Це-то имало подеми и падови, смрдливи фази и фази на нефункционирање. Но, денес е уредено, чисто, на ѕидовите се видливи изрази на графичка уметност којашто не е вулгарна како што тоа умее да биде со тоалетите. Но, за него знаат дека постои само битолчани.

Човечката физиологија е чудесна работа. Јадиш, пиеш, енергија добиваш и, се тоа што на организмот не му е потребно се вади надвор. Денеска бројни туристи од Крушевац, Србија наидоа на Широк Сокак и на нашиот микрофон. И крушевачката општина го организира животот на граѓаните и има надлежност за одржување на јавната чистота.

Во разговор со граѓаните дознавме дека Битола има уште еден јавен тоалет. Кај Ќумурното игралиште во паркот. Таму го најдовмее Седат Јашаров. Вработен е во ЈКП „Комуналец“ и се грижи за се – од безбедносни причини кога оди на пауза ги заклучува машкото и женското ве-це, од своето претпријатите прави набавки , благовремено известил за нефункционалноста на два од писоарите во машкото Ве-Це.

Јавните тоалети се дел од т.н санитарна култура на населението, различни во светот според економската моќ на државите. Генерално мислата на граѓаните денеска е дека е потребно да има поголем број јавни тоалети за град како Битола што се распослал на 2.500 хектари – има 80 тина илјади граѓани и уште толку кои доаѓаат на годишно ниво.

Светот има сосема поинакви искуства. Градовите во Јапонија предничат со атрактивни јавни тоалети – цела куча изградена во форма на огромна W-C школа со музеј за тоалети , а во Токио пак има тоалети со стаклени ѕидови кои се проѕирни додека се празни, но автоматски стануваат матни кога ќе заклучуш. И нивните и нашите се безбедни и чисти.











