На девет дена пред најголемиот верски празник – Велигден, се повеќе внимание привлекува информацијата дали има или нема јагнешко месо во продавниците и по која цена се продава.
Десетина денови не одвојуваат од празникој кој ја определува христијанската вера – Велигден, христовото воскреснување. На овој празник се јаде јагнешко месо, симбол на жртвата направена пред 3.000 години, опишана во предвелигденските настани во Библиката.
Но, по реакциојата на овчарите дека неможат да одвојат половина од јагнињата за извоз и покрај тоа што е услов за добивање на дополнителни субвенции од државата, се позачестени се реакциите за нивниот проблем, за извозот на јагнешко во Италија и за фактот дека и италијаните и ние ќе јадеме јагнешко по иста цена – 600 до 700 денари за килограм.
Но, поголемиот проблем секако е се позачестената информација дека го нема доволно. Во некои од месарниците не знаат кога ќе добијат, во некои од продавниците пак велат дека ќе добијат непосредно пред празникот. Оттука во некои продавници за месо во градот се прават списоци на заинтересирани кои, кога месото ќе пристигне ќе бидат контактирани од месарниците. И некои продавници го наоѓаат решението во список на заинтересирани, но тие препорачуваат почеста посета од граѓаните и проверка дали има месо и дали се на списокот.
И доколку своите секојдневни намирници ги набавувате со порачување пред интернет. Отсуството на јагнешкото месо како намирница, ги потврдува информациите кои домаќинките ги споделуваат на социјалните мрежи -дека годинава тешко ќе се стигнува до јагнешко.
Инаку според денешните наслови на некои од агрегатите за вести се наоѓаат и следните наслови: Јагнешко за Велигден ќе има за тој што може да си го дозоли, или Јагнепшко за Велгиден ќе има ама по цена од 660 денари, или последниот во примерите „Соседите ќе слават Велигден со македонско јагнешко месо, а за нас глави од 60 до 80 денари.“
Ваквите иформации, наслови и стравувања дали големиот верски празник ќе биде прославен според традиционалните норми сами по себе се традиција. Во текот на ланската година непосредно пред Велигден во продавниците имаше толку многу јагнешко што продавниците беа принудени да употребат различни маркетиншки методи – на пример дека на секој што би купил четврд јагнешко ќе му биде доделено 500 мк пиво, со напомена дека пивото е во ограничена количина.
Инаку, министерството за економија деновиве потсетува дека на сила е одлуката за ограничување на бруто-профитната маржа на 102 основни прехранбени производи и дека на сила е Одлука за утврдување на највисоки цени на 8 групи основно прехранбени производи на сила од 20 февруари оваа година. Двете мерки се на сила до крајот на месец април.












