ТЕРА

REKLAMA???

ЗГОЛЕМЕНИ ПОВИЦИТЕ ВО ИТНАТА МЕДИЦИНСКА СЛУЖБА ВО БИТОЛА

Топлото време го зголеми бројот на повици во Службата за итна медицинска помош во Битола. Оттаму велат дека е зголемен бројот на пациенти кои се јавуваат во амбулантата.

„Обично луѓето се јавуваат кога времето под заладува, односно после 19 часот. Бројот на прегледи е зголемен, имаме над 35 прегледи за 24 часа. Има од различна патологија, меѓутоа во последните денови зголемен е бројот и на помладата популација која што се жали на висока температура, главоболки, гадење и повраќање. Зголемен е бројот и во теренскиот дел, имаме 25 посети за време на 24 часа. Имаме од различна патологија, зголемен е бројот на колапсни состојби, има пациенти со проблеми со висок крвен притисок, со низок притисок, проблеми со дишните патишта, проблеми со стомак, со малигни заболувања, а исто така бележиме и благ пораст на сообраќајни незгоди“, рече др.Васе Николовска од Итната медицинска помош во Битола.

Службата за итна медицинска помош работи 24 часа, а сега е воведен и трет телефон на кој можат пациентите да се јават.

„Можат граѓаните да се јавуваат на 194, 075 222 -194,  а најнов број е 112“, рече др.Николовска.  

Д-р Николовска исто така и со апел до возачите да не возат во алкохолизирана состојба, или под дејство на седативи или наркотични средства. Уште еднаш потенцира хроничните болни да ја земаат терапијата препишана од матичните лекари.

Инаку до среда (27.07) подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. На целата територија ќе остане активно портокаловото ниво на опасност од високи температури. Во среда во попладневните и вечерните часови ќе има зголемена облачност и услови за локален пороен дожд и грмежи. Веемето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 41 степен со УВ=9.