ТЕРА

REKLAMA???

ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ БАРА ДА ГО СТОПАНИСУВА ХОТЕЛ „БИТОЛА“

Здружението на пензионери од Битола побара од минитерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска да се заложи кај Владата хотел „Битола“ да им биде даден на стопанисување со цел негова заштита и згрижување на стари лица, ова особено што хотел ,,Битола“, е изграден со средства издвојувани од пензионерите наменети за станбена изградба.

Како што рече претседателката на Здружението, Даница Петличкова, ова е многу важно за Битола зашто градот се соочува со недостиг на места во старските домови и доколку се успее во намерата ќе се реши горлив проблем за градот.

„Побаравме Хотел ‘Битола’ кој е на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ни го дадат нас во интерес на општина Битола зашто нема доволно сместувачки капацитети за пензионерите на кои им треба грижа. Во сегашните домови има листа на чекање. Битола полека , но сигурно станува град на пензионери. Многу стари лица се останати сами и потребна им е организирана грижа“, рече Петличкова.