Украинските сили постепено напредуваат кон регионот Херсон, што е окупиран од Русија уште од почетокот на инвазијата врз Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во ноќешното видео обраќање до нацијата.
-Окупаторите се обидоа да воспостават упориште таму, но колку тоа им помогна? Украинските вооружени сили напредуваат чекор по чекор кон таа област, рече Зеленски, пренесен од британските медиуми.
Руската армија на почетокот на март ја окупираше областа Херсон, со напад што го почна од анектираниот Крим.
САД ја разгледуваат можноста за испраќање на американски борбени авиони во Украина.
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, кажа дека администрацијата на Бајден ги прави првичните анализи како би се извело тоа, но и признава дека тоа не би можело да се случи веднаш.












