ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕЛЕНСКИ ОБЈАВИ ДЕКА РУСКИТЕ СИЛИ ОКУПИРАЛЕ 20 ОТСТО ОД УКРАИНА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили окупираат околу 20 отсто од украинската територија. Вчера се одбележа 100-тиот ден од борбите кои продолжуваат на повеќе фронтови.

“Само замислете! Постојани борби, кои се протегаат по линијата на фронтот повеќе од илјада километри“, рече Зеленски пред Парламентот на Луксембург во виртуелен говор. Тој рече дека украинската област контролирана од силите на Москва е споредлива со цела Холандија.

Во меѓувреме, руските сили продолжија со нападот врз Сивиеродонецк, последниот голем град кој номинално го држи Украина во областа Луганск во источниот дел на земјата. Гувернерот на Луганск Серхи Хаидаи изјави дека Русија контролира околу 70 отсто од градот додека се воделе жестоки улични битки.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека Русија ја презела контролата врз поголемиот дел од градот. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика американските градоначалници да ги прекинат „братските“ врски со руските градови.

Зеленски ги повика американските градоначалници и да учествуваат во „најголемиот економски проект на нашето време“ помагајќи да се обнови Украина по војната, за време на видео обраќањето на 90-тата годишна конференција на градоначалниците на САД.