ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕЛЕНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО КИНЕСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЏИПИНГ

Кинескиот претседател Си Џинпинг телефонски разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави кинеската државна телевизија.

Зеленски на својот Твитер профил по разговорот напиша дека верува оти разговорот и назначувањето на амбасадорот на Украина во Кина „ќе им даде силен поттик на билатералните односи меѓу двете земји“.

Официјален Пекинг го потврди телефонскиот разговор, посочувајќи дека Кина секогаш стоела на страната на мирот.  

Кина, како што јавуваат тамошните државни медиуми, ќе испрати специјални претставници во Украина и ќе разговара со сите страни за решавање на кризата во Украина. Ова, како што се наведува, му го рекол кинескиот претседател на својот украински колега во разговорот.  

Покрај тоа, според извештајот на кинеската државна телевизија Си-си-ти-ви (CCTV), Џинпинг на Зеленски му рекол дека Кина ќе се фокусира на промовирање мировни разговори и ќе вложи напори за прекин на огнот што е можно поскоро.