ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕЛЕНСКИ СО ЕВРОПА ЈА ЗАЦВРТУВААТ СОРАБОТКАТА ПО СПОРОТ СО ТРАМП

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска рече дека ќе работи со Европа за да постави услови за евентуален мировен договор што ќе им ги претстави на САД откако сојузниците собрани во Лондон ветија дека ќе потрошат повеќе за безбедноста и ќе соберат коалиција за одбрана на какво било примирје во Украина.

Кризните разговори викендов, на кои се собраа 18 сојузници, дојдоа во деликатен момент за погодената од војна Украина, соочена со несигурна американска поддршка и против тригодишната руска инвазија.

Неколку дена претходно, американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше Зеленски пред новинарите во Белата куќа, зголемувајќи ги стравувањата дека има намера да го натера Киев на мировен договор што му го дава на рускиот претседател Владимир Путин она што го сака.