Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 24.02.2023 година регистрираше земјотрес кој потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 12 часот и 19 минути со Рихтерова локална магнитуда 2.3 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Струга и околината.












