Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 29.03.2023 година регистрираше земјотрес кој потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи утринава во 2 часот и 41 минути со Рихтерова локална магнитуда 3 степени и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината.












