Силен земјотрес го потресе подрачјето на Босна и Херцеговина во 8:07 часот утринава. Според првите информации, магнитудата била 4,7 степени, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Епицентарот бил на 29 километри северозападно од Мостар.
Медиумите од регионот јавуваат дека потресот се почувствувал и во Хрватска, Србија и Црна Гора.












